Утрински Весник
Спорт

ВТА: Ига Швјонтек тенисерка на годината

ВТА: Ига Швјонтек тенисерка на годината

Полската тенисерка Ига Швјонтек го доби признанието за најдобра во годината што изминува, според Женската тениска асоцијација (ВТА). Светскиот рекет број 1 доминираше меѓу дамите во најголемиот тек од сезоната.

dobivaj vesti na viber

Таа ги освои трофеите на гренслем турнирите Ролан Гарос и на УС Опен, како и на турнирите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт, Рим и Сан Диего. Швјонтек во 2022 година оствари вкупно 68 победи.

Најдобра женска тениска двојка се Барбора Крејчикова и Катерина Синиакова од Чешка. Тие ги освои титулите на Австралија опен, Вимблдон и на УС Опен. За тренер на годината е избран Дејвид Вит, кој е тренер на Џесика Пегула.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД