Утрински Весник
Македонија

Врнежи од снег на повеќе места во Македонија

Sneg vozila.jpg

Денешното утро Недела 11 jануари 2026 донесе снег и снежна идила на повеќе места во Македонија. Сето ова е поради продорот на многу ладен воздух кој се спушта од север кон Македонија. Дува повремено засилен ветер од северен правец.

На табелата која ја објави УХМР може да се види дека утрово на многу места имаме температури под нулата. На табелата можете да го видите количеството на врнежи во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до 7 часот утрово како и висината на снежната покривка исто така до 7 часот утрово.

Врнежите од снег на повеќе места продолжуваат и денес а веќе од попладнево полека тие ќе се намалуваат  и ќе престануваат.

Можете да прочитате

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт

Пушењето како алиби за нефункционалната држава

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава