Утрински Весник
Македонија

Времето утре – сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Vreme 1.webp.webp

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.


Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена

Можете да прочитате

Денеска сончево и топло – 24info.mk

ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат