Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
И во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од утре следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.