Утрински Весник
Македонија

Времето денес и утре сончево, в среда и в четврток заладување

Утринска магла и температури над просекот за овој период од годината

Времето денес е сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Утре, ќе се задржи стабилно и релативно топло време. В среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. В четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ