Утрински Весник
Македонија

Времен режим на сообраќај на улица „Александар Урдаревски“ во Oпштина Бутел

Soobrakaj 1 1.jpg
Dik 300x250 mk

Поради асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во Oпштина Бутел во периодот од 9 до 17 ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно тој ќе се пренасочува преку скопската обиколница, за што ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“-Скопје, ќе се асфалтира коловозната површина на улицата во насока од крстосницата со улицата „Боца Иванова“ до улицата „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта „Бутел”, потег кој завршува до улицата „Нов Живот“, во рамки на границите на ГУП согласно одобрениот сообраќаен проект.

Можете да прочитате

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%

Приведен член на избирачки одбор во Чаир

(Фото) Тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје повреден мотоциклист