Утрински Весник
Македонија

ВРЕМЕ Е ДА ЗАВРШАТ ФЛОСКУЛИ КАКО ШТО СЕ “ИЛИ СИ ИЛИ НЕ СИ СДСМ“ ОТИ ТАА ПАРТИЈА МОРА ДА СЕ ПОСТАВИ МНОГУ ПОСЕРИОЗНО ОД ТОА

Ivan anastasovski 960x595 2.jpg
Dik 300x250 mk

Колумна на проф. д-р Иван Анастасовски

Како поединец и професионалец многу ретко се определувам да делам совети особено не за политика, која ја напуштив сосема одговорно пред дваесетина години. Од оваа временска истанца кога ќе размислам дали го напуштив СДСМ од лукративни или други причини, кај мене преовладува ставот дека сепак јас лично го напуштив поради лидерите на таа партија како што беше Владо Буџковски кој ги донесе тогашните вмровски “манири“ во СДСМ и започна со омаловажување и прогон на сите кои не се согласуваат со него и таму веќе под негово водство немаше простор за развој на моја политичка кариера (од тој аспект делува лукративно) со што се испотави како позитивно за мојата професионална кариера. Но денес сум убеден дека донесов исправна одлука, но сепак за жал таквата политика на СДСМ си продолжуваше во годините без оглед дали се на власт или во опозиција т.е. гола борба за позиции и за функции или кажано во жаргонот – јадење на живи луѓе кое се претвори во канибализам или поточно јадење на сопствените членови. Денес после првиот круг од локални избори 2025 година може да се констатира дека канибализмот во партијата давал резултати односно се “јадат“ помеѓу себе членовите и веројатно ако тоа не престане ќе тргант да ги јадат симпатизерите кои во моментов се со бројка од близу 125.000 поддржувачи. Едно е сигурно дека таму се потребни длабински коренити промени, и тоа во голем дел нека бидат и болни што не е страшно ако преку тоа се спаси системот наспроти тоа да се спасат поединци. Одговорно твдрам дека најмалку виновен за последниот изборен резултат е лидерот на таа партија Венко Филипче. Поради тој мој став, ќе се обидам да дадам совет на Венко кој верувам дека ќе успее да опстои на таа позиција и со тоа ќе почне да учи од добри примери и практики како се доаѓа во позиција да се биде кандидат за премиер (види го патот на сегашниот премиер). Едно е сигурно, а тоа дека не е само да се донесат млади и нови кадри туку многу е важно да се исчисти партијата од сите кои се огрешиле пред законите во Македонија а се дел од таа партија кои треба ургентно да ги ослободи од партиска должност. Денес, Венко Филипче дава сериозна и охрабрувачка изјава дека после избори (се мисли на завршување на вториот круг) ќе отпочне со реорганизација или како што и самиот вели цитирам: „Ќе има кадровски промени во раководството на СДСМ по изборите“ но јас мислам не само во раководство туку СДСМ мора да почне да води грижа и за тоа кој се сѐ повикува во нивно име, а реформата не е само за раководство мора и подлабински да се навлезе. Ако претседателот на СДСМ е сериозен во оваа своја изјава тогаш ниту би смеел ниту има простор да вклучува емоции со кои ќе се обиде самиот да заштитува некои кадри кои се “долгогодишни“ во таа партија, а при тоа направиле повеќе зло, отколку бенефит за таа партија. Ако постапи на ваква основа со голема веројатност е дека таковиот храбар и одлучен потек би привлекол нови поединси но и групи на луѓе кои ќе донесат свежина во тој политички кампус. Веројатно СДСМ е свесен дека денешниот млад гласач е оној истиот кој ја доживеа многу трогателно општествената транзиција во времето на првото владеење на СДСМ каде заедно со своите родители ја поминаа таа голготила и сега кога пораснаа и се здобија со право на глас тој силен гнев кој го носеле во себе го истураат на СДСМ условно ги казнуваат нив а не лошите државни или локални политики, затоа потенцирам извинувањето е неопходно и неминовно за нов почеток за нов рестарт на тој политички систем. Оваа е само еден мал дел од пропустите и лошите политики на СДСМ низ времето за кој сакам да искометирам вака јавно, и воедно сакам да верувам дека ќе допре до нивниот претседател кој како доктор ќе знае да направи хируршки прецизен рез, без кој рез таа партија е осудена на неуспех. Зошто, оваа е значајно за нивниот претседател, од една едноставна причина ако успее да го надмине ова и да ги постави работите на прав колосек со нова позитивна енергија и елан за работа на нивното членство, убеден сум дека ќе биде во позиција да биде потенцијален мандатар на престојните редовни парламентрни избори во 2028 година (ако евентуално има предверемни избори 2026 година следува нов пораз поради немање на време за преструктуирање).
Во политиката нема простор за емоции има само простор за интерес и тоа е единствена формула за успех во политичката арена, затоа на државата и е потребен политички субјект како СДСМ кој треба да ја балансира европската иднина, факе е тоа дека тие според официјалните резултати на ДИК се втора политичка сила во државата.


Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница