Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Во седиштето на ДУИ треба да се инсталира детектор на лаги

Vlen Logo 1.jpg

Соопштение на коалиција ВРЕДИ:

Членството на ВЛЕН ќе иницира донаторска акција за купување детектор за лаги кои треба под итно да се инсталира во Мала Речица. Количеството на лаги кои ДУИ ги пласира на секој  нивен јавен настап е толку дрско, што со право јавноста се сомнева дека почнале да веруваат во сопствените измислици, што како синдром влегува во доменот на медицинската наука.


Притоа, граѓаните и јавноста се збунети. Кога го слушаат Бујар Османи добиваат впечаток дека тој е во заблуда дека се кандидира на  претседателски, а не на локални избори. А тој пустиот бидејќи никогаш немал контакти со жителите на Чаир, а реално не му се познати надлежностите на општината, бара сламка за спас во национални теми. Затоа, со многу логични прашања ќе се обидеме да разобличиме три стандардни лаги на штабот од Мала Речица.

 Лага број 1: ДУИ е единствен легитимен претставник на Албанците!  Тогаш зошто на престојните локални избори ДУИ најголемиот број на Албански општини ги отстапи на други кандидати? Зошто “легитимниот” ДУИ се крие зад коалиционите партнери ?

Лага број 2: Обзнанувањето на соработката на ДУИ со Левица наводно биле очајнички конструкции со кои се подготвувало членството на ВЛЕН за пораз. Зошто Бујар Османи бара одговорност од Изет Меџити за пожарите на депониите, а свесно и со умисла ја заборави Данела Арсовска која има директна надлежност врз депониите? Чиј почесен конзул беше Данела Арсовска и каква улога имаа Никола Груевски и Блерим Беџити во нејзиниот оркестриран напад врз Чаир? Дали соработката на ДУИ и Левица во Град Скопје сега е проширена и надградена и во Албанските општини?

Лага број 3: Селотејп коалицијата на Ахмети, Таравари и Села е најголемото обединување на Албанците во последните 20 години. Дали обединувањето на овие тројца исклучиво со цел затскривање на корупциските скандали со Соравија, Ѓока Констракшн и Дала Давидович и многу други афери, може некој  да помисли да ги претставува како Албанско обединување? Зарем Ахмети и Бујар до толку ја потценуваат интелигенцијата на Албанците на кои им е јасно дека трикот со АКИ селотејп коалицијата е да се амортизира незадоволството од криминалните афери на ДУИ? Навистина е жално да се гледа една партија како ДУИ да паѓа на вакво дереџе. Но, Македонија видела и други вакви примери, особено кога се распадна историското ПДП.

Со вакво поведение Бујар Османи навистина придонесува локалните избори да станат референдум – против ДУИ!

Можете да прочитате

Активни пожари во Гевгелија, Тетово и Крушево

Македонија до декември ќе ги исполни условите за „роаминг како дома“ со ЕУ

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје