Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се самопрогласи за победник на локалните избори: „Правиме план за денот потоа“ вели тој

Mickoskizrnovci.jpg

Денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека исходот од претстојните избори е веќе јасен и дека ВМРО-ДПМНЕ прави планови за периодот по нивното одржување.

„Јасен е победникот на овие избори, правиме ние план за денот потоа. Размислуваме за денот после изборите,“ рече Мицкоски.


Тој додаде дека е логично во изборниот процес да се појават искри на тензија во одредени општини низ државата, но дека по завршувањето ќе следи стабилност.

„Избори се, логично е да има некоја искра во одредени општини низ Македонија. Денот потоа ќе значи силна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и огромен број општини предводени од нас,“ изјави премиерот.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница