Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Ставивме двојазични табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, а сега и на граничниот премин Блато

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВРЕДИ:

Посветеноста и ангажманот на ВЛЕН за Дебар даваат конкретни резултати на терен. По поставувањето на двојазичните табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, сега и граничниот премин Блато ја доби својата целосна форма со табла на албански јазик, поставена на местото што му припаѓа, кажаа од ВЛЕН.


„Овој резултат е плод на ангажманот на Мустафа Даути, заменик директор на Царината на Северна Македонија и кадар на ВЛЕН, кој нагласува дека ова е само еден чекор од многуте што се преземаат за да се обезбеди јазична еднаквост и институционално достоинство во секој дел на земјата.

„По многу години занемарување, го враќаме она што е и законска и морална обврска, присуството на албанскиот јазик во јавниот простор. Ние не правиме пропаганда, туку конкретни дела. Довербата на граѓаните е наш аманет, а чесната работа е најголемата награда за таа доверба”, изјави Даути.

Во Блато, албанскиот јазик денес стои таму каде што му припаѓа, на таблата, во институцијата и во срцето на секој Албанец. Овој чин е симбол на новата ера на јазично достоинство, за која ВЛЕН работи со посветеност, сериозност и видливи резултати“, истакнаа оттаму.

Можете да прочитате

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет во односите со Бугарија и историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември