Утрински Весник
Скопје

ВРЕДИ: Скопје и Чаир се чистат, овој пат навистина!

Vredi vlen.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на ВРЕДИ:

По месеци давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, започна вистинското чистење на главниот град и Чаир. Не само на улиците, туку на целиот менталитет што го остави градот во хаос со години. Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе.

На 19 октомври и 2 ноември, граѓаните на Скопје ставија крај на оваа ера на политичко загадување.

Тие ја соборија неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што остави зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Оние што сакаа да му наштетат на Скопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.

Денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно. Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на Чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје, чистењето на совеста, одговорноста и старата политика.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Додека Скопје се гуши од загаден воздух, врват криминални тендери, велат од СДСМ

Маглата го отежнува сообраќајот на Аеродром Скопје – откажани 20 летови