Утрински Весник
Македонија

Вреди: Клопчето се одмотува – фамилијарните скандали први на тапет

20240725092110 Big 730x400 12.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВЛЕН

Институциите покажуваат подготвеност да делуваат ефикасно и да испорачуваат правда, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. ВЛЕН го поздравува предлогот на Министерството за финансии и одлуката на Владата за одземање на првите две лиценци за коцкарници кои не го почитувале законот.

Истовремено, Барањето за автентично толкување кое го поднесовме во Собранието, како дел од Планот на ВЛЕН за справување со штетните последици од коцкањето, ќе овозможи затворање на интернет коцкарниците и ќе создаде правни предуслови за одговорност за сите поранешни функционери кои со неодговорни одлуки ја донесоа коцката во секој дом.

Новата Влада го започна процесот на обезбедување на владеење на правото, правната сигурност и еднаквост пред законите и тоа веќе никој не може да го сопре. Кривичните пријави против Дрин и Бесиан Ахмети е потврда дека повеќе нема недопирливи само затоа што се роднини на високи партиски функционери.

Очекуваме правосудните органи да делуваат ослободени од политички влијанија, да ги ценат доказите во фер и транспарентна постапка што ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните дека правдата е достижна и за највисоките политички кругови.

Можете да прочитате

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег

Студен бран во Македонија: Во деновите од викендот студено време и поројни врнежи