Утрински Весник
Економија

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра.

Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака.
Без вистинска поддршка од државата.

Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален.
ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше.

Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех.

Да имаше државата реална политика, Македонија повторно би можела да го храни регионот.

Наместо тоа – изолација и фалби со туѓата работа.

Eкономски колапс во Македонија.

За две години оваа власт:

•  ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра,

•  странските инвестиции паднаа за повеќе од 60%,

•  минималната плата не е зголемена,

•  потрошувачката кошница продолжи да расте,

•  инфлацијата ги топи платите и пензиите,

•  младите масовно ја напуштаат земјата.

Владата нема резултати. Има само пропаганда.

Се фали со туѓи успеси, а сопствените промашувања ги крие зад бројки и спинови.

Земјоделците работат.
Граѓаните преживуваат а ВМРО-ОКГ се фали.

Тоа е целата економска политика на оваа власт.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра