Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Дебар ќе присуствува на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани

Mickoskiposta.jpg

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува во Дебар на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани, при што ќе биде дадена изјава за медиумите.

Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители; корисници на правото на гарантирана минимална помош; лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта; лица со попреченост и семејства со лица со попреченост; лица припадници на ромската заедница, социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите на Република Северна Македонија, и самохрани родители со малолетни деца.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол