Утрински Весник
Свет

Вработените во Боинг го прекинаа штрајкот, го прифатија предлогот за нов договор

20241105071025 Big 730x400 53.webp.webp

Штрајкот на десетици илјади вработени во Боинг завршува по седум недели, бидејќи работниците ја прифатија подобрената понуда од американскиот производител на авиони, вклучително и зголемување на платите за 38 отсто во текот на четири години, соопшти денеска синдикатот на ИАМ, јави ДПА.

Членовите на синдикатот гласаа со 59 отсто „за прифаќање на предлогот и враќање на работа“, соопшти Синдикатот.

-Работниците можат да се вратат на работа веќе на 6 ноември 2024 година, за оние членови кои сакаат да се вратат што е можно побрзо, наведува Синдикатот.

ИАМ, кој има околу 33.000 членови во Боинг, додаде дека работниците „мора да се вратат на работа“ до 12 ноември, додавајќи дека „штрајкот е завршен“.

Пред една недела, работниците со големо мнозинство гласаа против понудата за покачување на платите од 35 отсто во текот на четири години, а 94 отсто го отфрлија предлогот. Во средината на септември, тие веќе ја одбија првата понуда на Боинг, која вклучуваше зголемување на платите за 25 проценти, со мнозинство од речиси 95 отсто.

Новиот договор вклучува и еднократна исплата од 12.000 долари. Синдикатот веќе преговараше за задржување на исплатите на бонус, кои првично требаше да бидат укинати, како дел од втората понуда.

Вработените во Боинг прифатија неколку замрзнувања на платите во изминатата деценија и бараа значително зголемување. Боинг, со работна сила од околу 170.000 вработени, неодамна ги објави плановите за укинување на 10 посто од работните места.

Производителот на авиони е во криза по серијата несреќи.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме