Утрински Весник
Македонија

Вработен во ЕВН заврши во болница – скопјанец го нападнал со тврди предмети додека извршувал работни задачи

Struja Evn Merilo.jpg

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Т.И.(50) од с.Матка, скопско.

Според пријавеното, Т.И. околу 11:00 часот во с.Горно Нерези, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога