Утрински Весник
Македонија

Возачките дозволи без додавката „Северна“ ќе бидат валидни за домашна употреба до крајот на годинава

Vozackadozvola.jpg

Со 89 гласа „ЗА“, пратениците ја изгласаа потребата од промени во Законот за безбедност во сообраќајот. На итната седница која ја свика претседателот на Собранието Јован Митрески прва точка беше потребата од носење на Законот за безбедност во сообраќајот со што важноста на возачките дозволи со старото име на државата, без додавката „Северна“ за домашна употреба ќе се пролонгира до 31 декември, а не до крајот на денешниот ден, како налагаша мешународната превземена обврска од Преспанскиот договор. Собранието ја почна расправата за измените на Законот за безбедност во сообраќајот и се очекува овие измени да бидат изгласани денеска после 16:00.

Можете да прочитате

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ ИСТОКОТ: Штети во Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница и Кочани

Пороен дожд и град се закануваат на Куманово – граѓаните да бидат внимателни

Обид за палење дуќан во скопски Центар