Утрински Весник
Македонија

Возач од Берово пијан и без возачка направил сообраќајка

Liseni od sloboda vozaci vo probistip i gevgelija zatoa sto upravuvale vozila pod dejstvo na alkoxol image.jpg

На 02.04.2026 во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- с.Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(37)  од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(40) од Берово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил  сопатникот од патничкото возило „форд“, Џ.Д.(49) од Берово, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“ А.Г., констатирани во Општа болница Кочани. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Берово и по извршени проверки е констатирано дека возачот Ѓ.А. го управувал возилото, без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта.


По наредба на јавен обвинител, Ѓ.А. е лишен од слобода, а возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријав

Можете да прочитате

31 годишен наставник од Битола осомничен за детска порнографија

Владата го уништува средното земјоделско училиште во Битола, велат од Левица

СДСМ: ВМРО-ОКГ и Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата