Утрински Весник
Македонија

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Voz.webp.webp

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Гевгелија, на излезот од станицата „Драчево“ на патничкиот премин, што е обележан со светлосна и звучна сигнализација, удрил во патничко моторно возило.

Според информациите до ЦУК, во возилото бил само возачот и нема настрадани.

На местото на несреќата, покрај Итната медицинска помош, биле од полицијата, а и комисија од МЖ.

ЦУК информира и за состојбата со пожарите во земјата.

Во последното деноноќие имало вкупно 18 пожари на отворено – сите се изгаснати и утрово нема активни, соопшти ЦУК.

Од центарот со алел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

РЦУК Скопје известува дека вчера попладне била добиена пријава дека при рушење објект во с. Грушино, во близина на основното училиште, било пронајдено неексплодирано експлозивно убојно средство. Од РЦУК Скопје известен е ДЗС Скопје, од каде што известиле дека за подигање на опасниот предмет ќе интервенираат во текот на утринските часови денеска. Инаку, превентивната препорака до тие што ќе најдат неексплодирани убојни средства (НУС) да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку, едноставно, да ги пријават на 112 во ЦУК.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека денеска од 10:00 до 15:00 часот, се планира да се врши минирање на каменоломот „Зелениковец“ (Општина Сопиште) и околу местото ќе се слушаат детонациите од минирањето.

Регионалниот ЦУК Битола, информира, според најавата на ЦЈЗ „Прилеп“, дека од денеска, 08 јули до 10 десети јули, во периодот од 22.00 до 05.05 часот на територијата на Општина Прилеп ќе се спроведува прва фаза од дезинсекција со цел уништување на комарци. Со дезинсекцијата, освен градот Прилеп, ќе бидат опфатени населените места: Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште и Мало и Големо Коњари.

Се информираат пчеларите да ги заштитат нивните пчели во Прилепско каде што ќе се прска против комарци.

ЦУК предупредува и на состојбата со временската прогноза.

Следува период на многу топло време, со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Сите итни случаи се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Можете да прочитате

Автомобил паднал во река во Гостиварско Беловиште – се извлекувале луѓе

НАЈАВА: Од понеделник (7.10.2024) стартува задоцнетото “Мини Лето”!

Денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, од утре следат промени