Утрински Весник
Свет

Вооружени банди нападнаа локално население во Нигерија, убиени над 38 луѓе и запалени 100 куќи

Вооружени банди нападнаа локално население во Нигерија, убиени над 38 луѓе и запалени 100 куќи

Најмалку 38 луѓе загинаа, а над 100 куќи се изгорени во северозападната нигериска држава Кадуна.

dobivaj vesti na viber

Нападот започна доцна навечер во неделата и продолжи до раните утрински часови во понеделникот, кога луѓе вооружени со пушки отворија оган врз локалните жители, јавува „Ројтерс“.

Како што соопштија локалните власти, 46 лица биле убиени во „неиспровоцирани напади“ во јужната област Кадуна во изминатите пет дена и дека доброволците трагаат по исчезнатите лица.

Според информациите, илјадници жители на оваа област ги напуштаат своите домови и заминуваат во други области каде што можат да најдат барем малку безбедност. Од преживеаните, 12 се на болничко лекување.

„Ројтерс“ додава дека во последните години вооружени банди нападнале стотици локални заедници низ северозападна Нигерија, додека во исто време исламските екстремисти продолжуваат со нападите на североистокот на земјата.

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел