Утрински Весник
Македонија

Вооружен со пиштол влегол во продажен објект во струмичко, и пукал кон сопружници

133167356 55241.gif

Денеска (10.09.2024) околу 02:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С. (45) од село Долно Лакочереј, охридско. Д.С. околу 01:50 часот влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, носејќи пиштол со намера да изврши разбојништво. За време на инцидентот, тој пукал кон сопружниците Б.М. (48) и М.М. (46), кои се здобиле со повреди.

Полицијата го фатила напаѓачот на самото место и тој бил приведен во Полициската станица Струмица. Повредените сопружници биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за медицинска помош. Случајот веднаш бил пријавен на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Екипа на СВР Струмица извршила увид на местото на настанот, при што биле пронајдени пиштолот и чаурите од испуканите куршуми. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Филипче за „Клик плус”:СДСМ ќе иницира затворена седница, за Мицкоски да го каже планот за евроинтеграциите

Мендух Тачи го напушти Европскиот фронт, ДПА потврди за одлуката

Филипче предупредува на нови задолжувања поради линеарното покачување на пензиите