Утрински Весник
Свет

Вонредна состојба во Њујорк – 24info.mk

New york.webp.webp

Прогласена е вонредна состојба во Њујорк поради силната зимска бура. Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани нареди затворање на сите јавни училишта поради невремето, а денеска немаше ниту настава на далечина и сите воннаставни програми се откажани.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, рече дека активирала 100 припадници на Националната гарда да помогнат на Лонг Ајленд, во Њујорк и Долната Долина Хадсон, подрачја за кои се очекува дека ќе го поднесат најголемиот товар од обилниот снег и крајбрежните ветрови.


Поради бурата, денеска беше затворен и комплексот на седиштето на Обединетите нации на Менхетен.

Според прогнозата на метеоролозите, на североистокот на САД се очекуваа до 60 сантиметри снег, а ударите на ветерот би можеле да достигнат 110 километри на час, што го зголемува ризикот од паѓање на дрвја и прекин на струја, според податоците на Министерството за национална безбедност.

Сепак, и покрај таквата бура, откако таа помина, а граѓани на градот се сликаа како газат во снег до половина, Менхетен наликува како низ него да поминала мала и слаб снежна виулица.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд