Утрински Весник
Македонија

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе

Ginekologija Gak.jpg

Министерот за здравство наложи вонреден инспекциски надзор на Државната клиника за гинекологија, со цел да се утврди дали во случајот со починатото бебе имало лекарска грешка.

Одлуката следува по медиумски наводи објавени од „Слободен печат“, според кои, врз основа на интерни документи од болницата, началничката на Одделот за интензивна нега пријавила педијатарка од истиот оддел, наведувајќи дека несоодветното лекување довело до компликации од кои бебето починало.

Од Клиниката за гинекологија соопштија дека се преземени сите неопходни мерки и постапки за спроведување објективна истрага и најавија дека ќе бидат преземени соодветни мерки доколку се утврдат евентуални пропусти.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство во Скопје информираше дека е оформен предмет и дека ќе постапува по случајот.

Можете да прочитате

Трагедија кај Страцин: 28-годишен возач загина откако излета од патот

Кичевски: Раководството на СДСМ изгледа уплашено од новата платформа – Наместо разговор, СДСМ создава нови поделби

„И Здравје и Работа“: Падот на рударството е предупредување – на Македонија ѝ се потребни нови инвестиции, а не нови блокади