Утрински Весник
Спорт

Вон испиша историја со триумфот во Сент Мориц

20251212171515 big 730x400 58.webp.webp

Американската 41-годишна скијачка Линдзи Вон испиша денеска историја во Светскиот куп во алпско скијање, откако со триумфот на спустот во швајцарскиот центар Сент Мориц стана највозрасната победничка во натпреварувањето.

Вон го собори апсолутниот рекорд, надминувајќи ги достигнувањата на Италијанката Федерика Брињоне, која победи на супервелеслаломот во Ла Туил во март оваа година на 34-годишна возраст и на легендарниот Швајцарец Дидие Куше, кој беше на 37-годишна возраст кога ја забележи својата последна победа во Светскиот куп, во супервелеслаломот во Кран Монтана во 2012 година.

Вон до својот прв триумф во Светскиот куп по повеќе од седум и пол години дојде со време од 1:29:63 минути, забележувајќи ја 83. победа во кариерата, а 44. во спуст.

Можете да прочитате

ФФМ: Нов селектор најдоцна до 25 декември

Кошаркарската федерација на 21.декември ќе организира „All star“ натпревари

Познати првите пет учесници во нокаут рундите на Лигата на шампионите