Утрински Весник
Спорт

Волф: Хамилтон ни ја соопшти веста за неговото заминување на појадок

O 1799266 1024.jpg

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека британскиот возач Луис Хамилтон го изненадил на појадокот со тоа што објавил дека го напушта тимот и се сели во Ферари.

Волф рече дека слушнал гласини дека Хамилтон би можел да замине, но не знаел со сигурност додека седумкратниот светски шампион во Формула 1 не го потврди тоа на состанокот во средата.

Хамилтон ќе го напушти Мерцедес на крајот на претстојната сезона и ќе се пресели во Ферари од 2025 година.

Британецот во 2013 година се пресели од Мекларен во Мерцедес со кој освои шест шампионски титули.

-Изненадувањето беше што ги слушнав гласините неколку дена претходно, но сакав да го чекам појадокот што го планиравме за среда наутро. Тој тогаш ја објави веста – изјави Волф.

Минатото лето Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес на уште две години, до крајот на 2025 година, но ќе го напушти тимот една година порано откако ќе ја активира ослободителната клаузула.

Волф изјави дека тоа што Хамилтон бара нов предизвик не е изненадување, туку дека за изненадување е тајмингот.

Тој посочи дека 39-годишниот Хамилтон можеби се „коцка“ барајќи уште една шанса да ја освои титулата, но додаде дека Мерцедес целосно го почитува фактот дека некој може да го промени своето мислење.

Мерцедес сега има време да одлучи за нов возач кој ќе биде партнер на Џорџ Расел за сезоната 2025 година, додаде Волф.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл