Утрински Весник
Свет

Военото присуство на Пјонгјанг во Русија мора да се запре

State Department.jpg
Dik 300x250 mk

Американскиот Стејт департмент изјави дека е загрижен за директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија против Украина и нагласи дека распоредувањето на воено присуство на Пјонгјанг мора да биде запрено, објави „Гардијан“.

„Остануваме загрижени за директното вклучување на Северна Кореја во војната. Военото распоредување на Северна Кореја во Русија и каква и да е поддршка што Руската Федерација ѝ ја дава на Северна Кореја за возврат мора да престане“, изјави портпаролот на Стејт департментот во е-пошта за Reuters, истакнувајќи дека трети земји како Северна Кореја „носат одговорност“ за војната.


Северна Кореја претходно првпат потврди дека по нареда на водачот Ким Џонг-ун испратила војници да се борат во руската погранична област Курск во која ланската есен продреа украинските сили. Објавата на Сеул дојде откако Москва објави дека и последните украинските единици во Курск се разбиени и истиснати, повторувајќи дека распоредувањето на војници е според билатералниот договор за безбедносна соработка и во согласност со меѓународното право.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи