Утрински Весник
Македонија

Водици 2026 ни носи ладно и суво време со температури до -10 степени

Meteoalarm.mk 15 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денешниот ден 19 Јануари Богојавление Водици во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво но ладно време со сончеви периоди. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладна воздушна маса која продира од исток и од североисток и истата условува да имаме ниски температури со утрински мразеви и минусни температури на воздухот.

Денешното утро ќе донесе температури од -10 до 0 степени а на високите  и планинските места температурата ќе се спушти и под -10 степени. Преку денот температурата ќе се искачи во интервалот од -2 до 7 степени а во Скопје  и околината утрово температурата ќе се спушти до околу -4 степени а преку денот таа ќе достигне до околу 6 степени.

За време на денешниот празничен ден Водици ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец, кај него најдени оружје и муниција

ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со народот го прослави роденденот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елити

Миноски: Без структурни реформи нема одржлив економски раст и повисок животен стандард