Утрински Весник
Македонија

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

20241008074744 Big 730x400 80.webp.webp

И жителите на ппштина Василево, кои водата за пиење ја снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја користат водата од градскиот водовод.

Комуналното претпријатие „Турија“- Василево синоќа ги информираше жителите од населените места Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија дека по направените микробиолошки анализи, водата не е за употреба.

„Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани“ – информираат од Општината на својата официјална Фејсбук-страница.

Оттаму додаваат оти подолг период се преземаат мерки за обезбедување пивка вода за населението.

Посочуваат оти на располагање се обезбедени диспанзери, шишиња вода во училиштата и градинката, како и канистри со вода за пиење на населението.

Можете да прочитате

Неофицијално – Донесена одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазити, поради бегството на Блерим Рамадани

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија