Утрински Весник
Македонија

Во земјава пристигна нова група американски волонтери од Мировниот корпус

20250923150635 big 730x400 98.webp.webp

Новатa група на Американци во Македонија кои ќе служат како волонтери во Мировниот корпус завчера пристигнаa во земјава. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство преку волонтирање во различни институции, училишта и организации низ земјата.

Како што се наведува во соопштението, волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировен корпус во Северна Македонија, Дејвид Рисајд, како и дел од вработените.


-Мировниот корпус го поздравува пристигнувањето на 50 Американци во државата кои ја претставуваат 28-та група волонтери на Мировен корпус што ќе служи во Северна Македонија. Ова е една од најголемите групи американски волонтери кои пристигнале во скоро 30 години работа на Мировниот корпус во оваа земја. По завршувањето на 11 недели обука која опфаќа учење јазик, култура, и технички вештини, овие волонтери ќе бидат распределени да живеат и работат во различни заедници низ целата земја. Мировниот корпус е благодарен за соработката со Владата и нашите партнери, со која успеавме да поддржиме речиси 940 волонтери да служат овде од 1996 година па сѐ до денес, вели директорот на Мировен корпус, Дејвид Рисајд.

За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во полето на инклузивното образование и на развој на заедницата – во невладините организации и општините.

Мировниот корпус, како што се наведува во сооптението, има одлична соработка со своите локални и национални партнери и ги спроведува своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа.

Волонтерите својата служба во земјата ќе ја започнат официјално во декември по давањето свечената заклетва.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пример за корумпиран политичар

Муцунски: Обновата на Украина не значи само реконструкција на инфраструктурата, туку и обновување на животите, довербата и надежта

Крмов: Да видиме дали СДСМ ќе ги блокира препораките од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица