Утрински Весник
Македонија

Во Велес приведена жена, при претрес пронајден хероин

IMG

На 19.01.2024 во 14.00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ја лишиле од слобода Б.М.(41) од Велес. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, бил пронајден и одземен хероин.

Б.М. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

„Ниту една повеќе“: Денеска од 17 часот протестен марш против насилството врз жените

Студено утро до минус 8 степени, вечерва дожд во западна Македонија