Утрински Весник
Балкан

Во Љубљана се одржува Годишна конференција на ФАМа

20240518130313 Big 730x400 74.webp.webp

На Годишната конференција на Регионалната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) претставен е и текст за поддршка на европската граѓанска иницијатива за безбеден и достапен абортус за сите жени во ЕУ.

На Конференцијата, што се одржува во главниот град на Словенија, Љубљана, учествуваат над 50 активистки и експерти за репродуктивните и сексуалните права на жените во регионот.

– Милиони жени низ ЕУ продолжуваат непотребно да ги ризикуваат своите животи и здравје со прекинување на бременоста бидејќи легалниот, безбеден, достапен абортус е забранет, недостапен или прескап … Иницијативата за достапен абортус и контрацепција за сите жени во ЕУ ја гледаме како неопходен и добредојден притисок врз владите во нашите земји да престанат да ги игнорираат нашите барања, целосно да го вратат нашето стекнато право слободно да одлучуваме за раѓањето, се наведува во текстот што е испратен до Европска комисија и до Европскиот совет.

ФАМа се надева дека нивната иницијатива „ќе придонесе за вклучување на репродуктивните и сексуалните права меѓу прашањата што мора да се решат во процесот на пристапување во ЕУ, со цел секоја идна земја-членка да достигне високо ниво на заштита за женските човекови права“.

Конференцијата на ФАМа се одржува од 17 до 19 мај.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени