Утрински Весник
Балкан

Во Турција приведени 42 службеници во општините управувани од опозицијата

Policija turcija.webp.webp

Во три одделни полициски операции во окрузите Истанбул и Ескишехир, во текот на изминатите 24 часа, приведени се вкупно 42 службеници од општини управувани од турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) под обвинение за корупција.

Утрово во Истанбул беа спроведени две одделни операции – една против Големата општина Истанбул, при што се приведени 12 лица под обвинение за местење тендери, и една против истанбулскиот округ Ускудар, во која вкупно седум општински службеници беа приведени под обвинение за корупција и поткуп.


Изминатите месеци голем број општински службеници се приведени од општините управувани од опозициската ЦХП.

Новиот бран приведувања се дел од голема кампања на турските власти против корупцијата на локално ниво. Истрагите првенствено ги таргетираат општините управувани од ЦХП, а од 2024 година десетици општински функционери и вкупно 22 градоначалници на најголемата опозициска партија се приведени, меѓу кои и разрешениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој моментално е во затвор.

Можете да прочитате

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Вучевиќ: Собрание на СНС на 13 декември го предлагам Александар Вучиќ за нов претседател на партијата

(Видео) Редици пред филијалите на Алта Банка- граѓаните брзаат да си ги подигнат парите