Утрински Весник
Балкан

Во Тирана фрлани молотови коктели на градското собрание

20240426133046 Big 730x400 7 1.webp.webp
Img 5587

Во Тирана учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша фрлаа молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание.

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

300x250 (7)

Ова е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот

Ss1

Можете да прочитате

Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија

Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција утре на заедничка вежба, Улуташ: Ја демонстрираме готовноста за зачувување на регионалната стабилност