Утрински Весник
Свет

Во Тексас и Калифорнија уапсени десетици студенти кои демонстрираа против војната на Израел во Газа

20240425103047 Big 730x400 51.webp.webp

Американската полиција уапси повеќе десетици студенти во Тексас и Калифорнија, кои протестираа против војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Во Тексас вчера се уапсени 34 лица, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и полициската коњаница, а меѓу уапсените е и новинар на американската ТВ станица Фокс, јавија американските медиуми.

Студенти од Тексас побарале нивниот универзитет да прекине секаква соработка со компаниите што произведуваат и продаваат оружје на Израел, пишува Индипендент.

Апсењата минаа помирно во Калифорнија, каде беа уапсени околу 20 студенти кои претходно три дена беа забарикадирани во зградата на универзитетот, на што универзитетот одговори со организирање онлајн часови.

Претходно, на почетокот на неделата, полицијата соопшти за 133 приведени демонстранти на Универзитетот Колумбија во Њујорк и околу 40 на Универзитетот Јејл.

Можете да прочитате

Експлозија во терминал за извоз на природен гас во Катар, повредени се 54 лица, 18 се водат како исчезнати

Израелски министер: ИДФ сили остануваат распоредени во Либан

Зеленски: Русија лансираше околу 2.200 дронови во Украина за една недела