ЈП Комунална хигиена-Скопје во моментов ја спроведува акцијата за собирање кабаст отпад во скопската општина Аеродром, каде што на следните локации се поставени специјални садови во коишто жителите на општината можат да го одложат својот кабаст отпад:
1. бул АСНОМ бр. 68, Реон-населба: Јане Сандански;
2. ул. Коста Новаковиќ бр.48 (23-ти Октомври бр.29), Реон-населба: Стар Аеродром;
3. бул. Видoe Смилевски Бато бр. 19, Реон-населба: Ново Лисиче;
4. бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“), Реон-населба: Ново Лисиче.
Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад на ЈП Комунална хигиена-Скопје, досега беа подигнати и транспортирани 130 кубни метри стар мебел и покуќнина во општината Ѓорче Петров, 170 кубни метри во општината Карпош, 130 кубни метри во општината Центар, како и 150 кубни метри во општината Кисела Вода.
Од 25 август 2024 година, акцијата ќе продолжи да се реализира во скопската општина Гази Баба.