Утрински Весник
Балкан
Img 7972

Во Србија уапсени уште седум лица во акцијата „Армагедон“ против педофили

Policija Srbija.jpg
Img 7972

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ полицијата во Србија уапси седум лица поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетник за порнографија и сексуално вознемирување.

Уапсени се: М. В. (1958) од Шабац, Н. Б. (2000) од Пирот, П. С. (1999) од Лесковац, М. А. (1980) од Тутин, П. Д. (2000) од Смедерево, Л. Л. (1995) од Врање, додека против триесет и едногодишниот неготинчанец во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР на Србија.

Тие се осомничени дека преземале, складирале и споделувале содржини создадени со експлоатација на деца за порнографски цели во подолг временски период преку Интернет. Исто така, постои сомневање дека комуницирале со деца преку социјалните мрежи од нивните лажни сметки, испраќале фотографии и видеа со порнографски содржини и добивале содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетници.

При претрес на становите на осомничените, при преглед на компјутерите и компјутерската опрема, пронајдени се фотографии и видеа создадени од сексуална експлоатација на деца. Во најголем дел од случаите се работи за деца на возраст од шест до 10 години, но и на возраст до две години, стои во полициското соопштение.

Пронајдени се и пораки во кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници, односно некои барале да им испратат слики и видеа на кои се голи.

Можете да прочитате

Тројца загинати и осуммина патници во критична состојба- црниот биланс на автобуската несреќа во Србија (ВИДЕО)

Во Тирана се одржа протест „Слободата има име. И јас сум ОВК“ со учество на Албанци од сите делови на регионот

МВР на Србија: Двајца загинати и околу 80 лица повредени при превртување на автобус во близина на Сремска Митровица