Утрински Весник
Македонија

Во следните две недели ќе бидат познати имињата на кандидатите за градоначалници, вели Митева

28112024 Miteva 1 1024x682 1.jpg

Портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева вечерва истакна дека партијата е посветена на реформи и напредок и на претстојните локални избори ќе излезе со најдобрите кандидати, чии имиња наскоро ќе бидат објавени.

– Се очекува веќе следната недела или веднаш по таа да има ИК партијата за да се објават имињата кои што ќе бидат кандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на коалицискиот капацитет можам дека кажам дека ВМРО-ДПМНЕ има активна коалиција која што настапи на изборите и во неа членуваат 24 политички партии. Таа е стабилна коалиција, ниту еден не е заминат од неа и постои можност можеби да се зголеми на локалните избори – изјави Митева за дневникот на телевизија Алсат.


Владата, како што рече, изминатата година вложила многу во општините, без разлика од која политичка партија се градоначалниците. – ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе излезе со навистина најдобрите кандидати, ќе ја презентира повторно програмата која задолжително ќе биде реализирана. Тоа е принципот на кој што работиме и сметам дека тој принцип навистина ќе донесе убедлива победа, рече Митева.

Таа се осврна и на Стратешкиот договор со Обединетото Кралство посочувајќи дека тој значи зајакнување на стратешката соработка со развиените западни земји, како што е Обединетото Кралство, а од друга страна и ќе донесе економски бенефити за земјата. Митева информираше дека следуваат големи инвестиции во делот на брзата железница и во делот на здравството.

– Она што досега е најавено е дека на почетокот ќе почнеме со навистина големи инвестиции, во делот на брзата железница и во делот на здравството, односно изградбата на болницата во Кичево, реконструкција на таа во Штип, реконструкција на онаа во Тетово. Се разбира тука е и делот на образованието, каде што станува збор за нов Медицински факултет во Штип и студентски дом со 200 легла. Пред да дојдеме до онаа финансиска рамка за која што се очекува да биде објавена, морам да потенцирам дека не станува збор за нешто коешто ќе значи повлекување на средства и авансно плаќање од државата, туку станува збор на конкретни проекти за коишто ќе следи исплатата по завршување на проектот – појасни Митева.

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот