Утрински Весник
Македонија

Во скопска продавница за миленици се продавала дрога, полицијата најде 85 таблети

Во скопска продавница за миленици се продавала дрога, полицијата најде 85 таблети

Дрога се продавала во продавница за миленици во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Полицијата извршила претрес во просториите на продавницата и нашла 85 таблети.

На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба. Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка со оглед на опасноста осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.​

Можете да прочитате

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пендаровски: Mицкоски бара дополнителни коалициони партнери, затоа што го знае што го чека на 27 април и 8 мај