Утрински Весник
Македонија

Во Скопје петдневна работилница за „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“

20240707171733 Big 730x400 9.webp.webp

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба во 9 часот ќе се обрати на работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“. На отворањето на настанот, присутните ќе ги поздрават и Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа. 

Петдневната работилница е во насока на подигнување на свеста и градење капацитети за борба против недозволената трговија со културни добра за различни категории клучни институции и други засегнати страни.

Учесници ќе бидат меѓународни и национални експерти, претставници од министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи и од Царинската управа, јавни обвинители и судии, како и музејски професионалци и менаџери на локалитетите.  

Проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ е финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа со седиште во Венеција и нејзината Антена во Сараево.

Можете да прочитате

Филипче: Под притисок на јавноста се смени одлука за насилникот од Охрид, потврда дека ништо не функционира

Мицкоски од Брисел: Остануваме посветени на европскиот пат и покрај условувањата за уставните измени

Мајка ги малтретирала малолетните деца, ги терала да работат и питачат