Утрински Весник
Македонија

Во Скопје евидентирани 20 случаи на голема кашлица

Vakcina 960x573 1.jpg

На територија на Скопје се евидентирани 20 случаи на голема кашлица, но нивниот број се менува од час во час, изјави за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Од кумановскиот Центар за јавно здравје, пак, денеска информираа дека три деца од Куманово, од кои две од исто семејство, се заразени од пертусис, односно од голема кашлица. Се работи за четиригодишно, 13-месечно и 18-месечно дете. Тринаесетмесечното бебе се лекува на клиниката во Козле, 18-месечното е на лекување во приватна клиника, a четиригодишното дете е на домашна терапија. Од вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје претходно денеска информираа дека по зголемениот број случаи на голема кашлица зголемен е и интересот за вакцинација. Од утрово до 11 часот имавме околу 60 дечиња вакцинирано. Ако вообичаено бројките на дневно ниво ни се меѓу 20 и 30, денеска и тоа засега, бројката ни е двојно поголема. Тука е нели стравот на родителите, но и мерката за забрана во градинките за невакцинираните“,  изјави утринава Сања Цилевска-Младеновска, доктор педијатар.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница