Утрински Весник
Македонија

Во Скопје 244 казнети возачи, од нив 117 за брзо возење

65 пијани возачи санкционирани на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 244 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 15 мерки за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за возење без возачка дозвола, информира МВР.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Перински: Со две раце потпишувам – идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам

Утре не очекува уште потопло време – температурата ќе достигне до 36 степени