Утрински Весник
Македонија

Мицкоски заминува за Минхен – 24info.mk

Mickoski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни Панче Тошковски ќе присуствуваат на 62-та безбедносна конференција во Германија од утре.
 
Во рамки на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
 
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
 
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
 
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.

Можете да прочитате

Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Извештајот на ЕК покажува: „Чувствата” на Мицкоски ги поклопија правото и правната држава

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до локалната власт во Гостивар, повика на целосна истрага за случајот со водата