Утрински Весник
Спорт

(Видео) Лејкерси го „здробија“ шампионот Голден Стејт

(Видео) Лејкерси го „здробија“ шампионот Голден Стејт

Лос Анџелес лејкерс го презедоа водството во полуфиналето на Западната конференција, поведувајќи со 2:1 против Голден Стејт вориорс по неверојатната 127:97 победа.

dobivaj vesti na viber

Вориорс почнаа подобри и имаа предност од 7 поени во првата четвртина, но потоа на теренот како да имаше само еден тим – до полувремето предноста на Лејкерси беше двоцифрена, а потоа целосно доминираа за победа со дури 30 поени разлика.

Ентони Дејвис беше најдобар за Лејкерси со 25 поени, 3 скока, 4 блока и 3 украдени топки, додека Леброн Џејмс додаде 21 поени, 8 скока и асистенции. Кај Вориорс, Стеф Кари беше најефикасен со 23 поени, а Ендру Вигинс додадее 16.

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија