Утрински Весник
Магазин

Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години

Shpani A.webp.webp
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Очекуваниот просечен животен век во Шпанија е 84 години. Поради тоа, оваа средоземноморска земја важи за дом на најдолговечната нација меѓу 27-те земји на Европската унија.

Научниците сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло… Но, и поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на кои жителите минуваат повеќе време надвор и во физички активности.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

На второ и трето место се Италија, каде што луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со очекуван животен век од 83,6 години. Просекот на Европската унија е 81,5 години.

– Во средоземноморските земји го цениме и социјалниот живот, па затоа излегуваме почесто од луѓето во нордиските земји, кои нè надминуваат во однос на БДП по глава на жител, вели Мануел Ангвита, претседател на шпанската Асоцијација на кардиолози.

Старосната граница е најниска во Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Латвија, а на дното е Бугарија, каде што животот во просек трае 75,8 години. Стручњаците сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае и тоа што пијат помалку алкохол, солидните здравствени услуги, тоа што со десетлетија не биле во војна и политиката на намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Можете да прочитате

Истражување: Газираните пијалаци предизвикуваат и прерано стареење

Зошто се става парче магдонос на врвот од јадењето?

Овие витамини го одржуваат младешкиот изглед и убавината на косата и ноктите