Утрински Весник
Свет

Во Русија приведен американски војник, кој бил во приватна посета на земјата

20240507083010 Big 730x400 17.webp.webp

Русија ги информираше САД за приведување на американски војник во Владивосток поради кршење на законот, изјави портпаролката на Пентагон, Синтија Смит.

„Руските власти во Владивосток на 2 мај го уапсија американскиот војник под обвинение за криминално дело. Во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи, Русија го информираше Стејт департментот за приведувањето на американскиот војник“, изјави Смит.

Таа рече дека американската војска го информирала семејството на војникот за инцидентот и додаде дека Стејт департментот обезбедува конзуларна поддршка на приведените припадници на американските вооружени сили.

Претходно, во понеделникот, неименуван американски официјален претставник потврди дека американски војник кој отпатувал приватно во Русија неодамна бил приведен во таа земја. Апсењето на американскиот војник прв го објави Ен-Би-Си Њуз, наведувајќи дека руските власти го обвиниле војникот дека наводно крадел од жена. Неименуван американски функционер изјави дека американскиот војник бил стациониран во Јужна Кореја, од каде отишол на приватно.

Можете да прочитате

Паѓаат цените на недвижностите во Германија, растат на кириите

Лавров директно му се обрати на Киев: Се надевам дека оваа порака ќе биде разбрана

Сопственичка и вработени во градинка во САД им ставиле мелатонин во храната на децата за да спијат