Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: ДОАЃА ЦИКЛОН ОД МЕДИТЕРАНОТ – Од утре попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи, се очекува локално невреме

Messenger Creation 36a2529b F7c1 4bce B461 177b4055a8dd.jpeg

Од утре попладне до петок, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот. Токму ова ќе услови поголемо дестабилизирање на Атмосферата, па така на повеќе места низ Македонија во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Оваа циклонска активност ќе предизвика локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.  Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, препорачуваме крајна внимателност, односно граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

За време на оваа циклонска активност локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).

И во Скопје  и околината од утре попладне, до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Температурите во четврток и во петок позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Пониски температури ќе имаме  и за време на викендот, но нестабилноста ќе се намалу, а утрата ќе бидат значително посвежи.

Можете да прочитате

Одбележани 20 години од најголемото проширување на Европската Унија

Реакција на Лога на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за претседателката на Уставен суд, Кацарска

Истепани двајца малолетници во Чаир: напаѓачите се обиделе да внесат еден од нив во „бмв“