Утрински Весник
Македонија

Во Ресенско ослободена мечка заробена во криволовна стапица

6ad0d6ba 39ed 4c94 97ba 2af7c20e32f3.jpeg

По пријава на Единствениот број за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера во ресенскиот регион е успешно реализирана акција за спасување на дива мечка, која била заробена во криволовна стапица.

Настанот се случил во атарот помеѓу селата Љубојно и Брајчино, Општина Ресен. Граѓанин кој се движел во близина на мостот на Брајчинска Река го алармирал ЦУК откако слушнал гласно рикање за кое претпоставил дека доаѓа од заробена мечка.


ЦУК веднаш ја координирал ситуацијата и ги известил надлежните служби: граничната полиција од Маркова Нога, полициската станица Ресен, концесионерот – ловното друштво, ветеринарни служби и вработени од НП „Пелистер“.

По пристигнување на терен, потврдена е локацијата и состојбата на мечката. Со помош на ветеринар, таа е успиена на безбеден начин, а потоа и ослободена од стапицата без дополнителни повреди. Акцијата помина успешно и безбедно, како за животното, така и за ангажираните лица.

ЦУК апелира до граѓаните да не поставуваат криволовни стапици и да пријавуваат вакви случаи на бројот 112, бидејќи ваквите постапки не само што се казниви, туку и претставуваат сериозна закана за биодиверзитетот и безбедноста во природните подрачја.

Можете да прочитате

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, велат од Онкологија

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

АД ЕСМ остана без директор за правни и општи работи