Утрински Весник
Македонија

Во Радовиш и радовишко лишени од слобода дилер и четворица корисници

638451659 1211956527781539 717013054317636236 n.jpg

На 17.02.2026 во 21:55 часот во село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.С.(36) од село Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата се затекнати во паркирано патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки во момент кога вршеле купопродажба на марихуана. Кога им пристапиле полициските службеници, Е.С. на подот од возилото фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои се пронајдени и одземени. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш, каде во службен разговор М.Р. и Б.У. признале дека во момент кога биле затекнати од полициски службеници купувале марихуана од Е.С..

Истиот ден, во 19:20 часот на влез во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Ј.А.(24) и М.У.(28), двајцата од Радовиш. при преглед во такси возило во кое се превезувале, кај нив била пронајдена марихуана. Ј.А. и М.У. се задржани во полициската станица Радовиш, со нив се извршени службени разговори, при што признале дека марихуаната која е пронајдена кај нив, претходно ја купиле од Е.С. од село Бучим.

За случаите е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Јаневска: Предлог-законот за високото образование не дозволува вонредно студирање на дел од регулираните професии

Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3 проценти, во рамки на проектираното

Тренчевска: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да се наменат за минимална плата од 600 евра