Утрински Весник
Економија

Од полноќ нова цена на бензинот

Gorivo1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69%во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло  за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Во пракса тоа значи дека бензините поскапуваат за еден денар по литар додека дизелот ја задржува актуелната цена.

Од полноќ ќе важат следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95  73,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98  75,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  68,00 ден/лит.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра