Утрински Весник
Балкан

Во првите три месеци од годинава Грција ја посетиле над 2,3 милиони туристи

Picture 694 660x500 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 Бројот на посетители на Грција во првите три месеци од годинава се зголемил за 24,5 отсто споредбено со истиот период лани, а земјата ја посетиле 2. 332. 500 туристи, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот јануари- март годинава, со зголемувањето на бројот на туристи, зголемени се и приходите за 28,2 отсто и изнесуваат 942 милиони евра, пораст, што, како соопштија од Банката на Грција, се должи на зголемувањето на приходите од посетителите од земјите од ЕУ за 48,2 проценти што изнесуваат 470 милиони евра, како и зголемување за 13,1 отсто од граѓани од останатите земји. Пристигнувањата преку аеродромите биле зголемени за 24,6 отсто додека преку копнените гранични премини за 25,7 проценти.  Во конкретниот период, Грција ја посетиле 1. 187. 100 туристи од ЕУ (зголемување од 32,1 отсто) и 1. 145. 400 патници од земји вон Унијата (зголемување за 17,4 проценти). Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година.

Можете да прочитате

Повеќечасовни чекања и тешки услови на патиштата кон БиХ и Србија

ТикТок се враќа во Албанија

Грчката влада исполни само дел од барањата на земјоделците